Објавени првите кандидатури за нов претседател на Чешка

Од:

Текстописецот и композитор Михал Хорачек ја објави својата кандидатура за претседател на Чешка, на изборите што ќе се одржат на почетокот на идната година, јави дописникот на МИА од Прага.

– Верувам дека претседателската функција ќе ја извршувам попристојно, попрофесионално и со подобар однос кон луѓето кои имаат различно мислење, отколку она што се правеше досега, вели Хорачек во брошурата каде ја претставува својата програма.

Претставувајќи се како непартиски кандидат, Хорачек рече дека кампањата ќе ја финансира заедно со неговата сопруга, без други донации и нема да ангажира маркетинг агенција.

Хорачек, вети транспарентност, поткрепувајќи ја со тоа што на јавноста и вети дека ќе објави сертификат за лустрација, уверение за завршено високо образование и стручно мислење за здравствената состојба.

Досега кандидатура објавија малку познатиот стопанственик Игор Сладек, кој самиот вели дека во 1980 година емигрирал во Германија, а подоцна и во САД, како и лекарот и граѓански активист Марек Хлишер.

Актуелниот претседател Милош Земан, за евентуален можен обид за втор мандат на функцијата најави дека ќе се изјасни непосредно пред изборите во март 2018 година.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница