Со комедијата „Слуга на двајца господари“ на Карло Голдони, во режија на Куштрим Бектеши и изведба на Професионалниот театар од Призрен, вечер во киното „Фросина“ ќе почне 10-то јубилејно издание на „Скупи фестивал“.
Оваа интернационална манифестација ќе се одржува до деветти овој месец во Младинскиот културен центар-Скопје.
Покрај комедијата „Слуга на двајца господари“, посетителите ќе можат да погледнат уште шест претстави – „Кожурки“ на истанбулската компанија „Пангар“, „Несоница“ на МИТ ФАКТОРИ од Прага, „Тие влегуваат без да тропнат“ на Театарот на денот од Тирана, „Вампир“ на Драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград и „Пред да умреш“ на Стерео Акт од Будимпешта. Фестивалот ќе го затвори претставата „Жозефина“ на независниот театар Шаливате од Брисел.
Во текот на фестивалот ќе биде промовирана и монографијата објавена по повод 10-годишното постоење на фестивалот.
МТФ „Скупи фестивал“ е поддржан од Министерството за култура и Советот на Град Скопје.