(ВИДЕО) Караванот „Ние одлучуваме“ во Прилеп: Граѓаните бараат подобро здравство

Од:

Граѓанската акција „Ние одлучуваме!“ денеска одржа перформанс во центарот на Прилеп. Над дваесетина активисти разговараа со граѓаните на Прилеп за клучните теми и проблеми со кои се оптеретени граѓаните на Прилеп и на Македонија.

„Прилепчани бараат подобро здравство, посочувајќи го Прилеп како еден од градовите со голема смртност на родилки и недостиг на лекарски кадар и адекватна опрема во сите здравствени установи. Иселувањето на младите како директен резултат на сиромаштијата и безработицата кои што владеат во Прилеп, се клучните проблеми за кои прилепчани бараат промени. Граѓанската акција Ние одлучуваме! Бараме промени! Можеме подобро! има за цел да ги информира, мотивира и охрабри граѓаните да учествуваат на предвремените парламентарни избори во 2016 година, да ги регистрира злоупотребите на јавните ресурси и институции за изборни цели, како и заканите и заплашувањата кон граѓаните за остварување на избирачкото право“, велат од граѓанската акција „Ние одлучуваме!“.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена