Секоја година видливоста во Атина се намалува за 280 метри, покажува истражувањето на грчката Национална опсерваторија.
Како што пишува весникот „Етнос“, во периодот меѓу Првата и Втората светска војна видливоста во Атина била на околу 20 километи, а потоа на секои 10 години таа се намалува за 2,8 километри.
Во последните 80 години видливоста во грчката престолнина нагло е намалена.
Како најстрашна се посочува ситуацијата во 50-тите години, кога бројот на населението се зголемило, екстремно се градело, а движењето на автомобили многу се зголемило што придонело за загадување на воздухот.
Намалувањето на видливоста во Атина продолжува до почетокот на 2000 година.
Во 2004 година се забележува стабилизирање, дури и подобрување на ситуацијата, бидејќи во тој период се регистрира намалување на концентрацијата на штетни емисии. Тоа се должи главно на подобрувањето на инфраструктурата по спроведувањето на летните олимписки игри.
Намалувањето на загадувањето на воздухот може да се припише и на економската криза, поради која движењето на автомобилите е намалено, што не може да се каже за зимскиот период, кога поради поскапувањето на греењето жителите на Атина користат печки на дрва, забележува „Етнос“.