Градежните компании од истокот се информираа како да добијат средства од Светска банка

Од:

Центарот за развој на Источно планскиот регион (ИПР) во соработка со Министерството за финансии и Светска банка денеска во Штип пред компаниите од овој регион кои работат во градежниот сектор ги презентираа можностите и процедурите за добивање заеми.

Директорката на Центарот за развој на ИПР, Драгица Здравева рече дека во рамките на овој информативен настан на тема „Јавни набавки согласно правилата и процедурите на Светска банка“, имаа можност да се запознаат и со правилата и процедурите за набавка на Светска банка, нивна примена при набавка на добра и градежни работи.

– Овој настан се однесува за добивање на заеми и кредити, но конкретно наменети за субјекти од областа на инфраструктурата, значи градежни фирми. Независно од тоа за каква дејност се работи и во досегшаниот период голем број на компании поднесуваа апликации до Светска банка и до Министерството за финансии за обезбедување на вакви заеми и кредити. Но, за жал посебно кај малите организации бидејќи не располагаат со доволно кадри или немаат капацитет, апликациите им беа отфрлени, рече Здравева.

Таа исткна дека токму овој информативен настан треба да им помогне на компнаиите и да им објасни на кој начин треба да аплицираат за добивање на заеми и кредити од Светска банка.

– На овој настан што го организиравме во Штип присутни се доста мали и средни претпријатија и се надевам дека ќе и помогне во нивните понатамошни активности за обезбедување на средства преку Светска банка и Министерството за финансии. Средствата се наменети за самите градежни компании за набавка на машини и за изведба на нивни објекти. Значи во секој случај за она што тие сметаат дека во моментот им е најпотребно, рече Здравева.

Таа додаде дека ова е втор информативен настана на Министерството за финансии и Светска банка во источниот регион, првиот, како што рече, се одржа во Кочани и беше наменет за општините како да ги подобрат своите услуги кон граѓаните.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза