Амбасадата на САД организира следење на резултатите од Претседателските избори 2016

Од:

Амбасадата на Соединетите Држави во Скопје ќе организира настан за резултатите од Претседателските избори во САД 2016, во среда наутро, на самиот ден на изборите.

Како што соопшти Амбасадата, настанот ќе вклучи резултати од гласањето во живо според држави, ТВ прилози од кампањата, и детални информации за претседателската трка. Исто така, ќе бидат достапни и информативни публикации и онлајн ресурси за изборниот процес во САД.

– Зависно од објавувањето на првичните резултати, амбасадорот Џес Бејли се очекува да им се обрати на присутните околу 8:00 часот. Преставници од македонската влада, локалните власти и јавните институции, како и од невладиниот сектор, академската заедница, бизнисот, медиумите и од меѓународната заедница се поканети да го споделат со нас овој посебен ден во политиката на САД, стои во соопштението од Амбасадата.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Непријателот е поразен благодарение на нашето единство

Трамп: Нема место за шеријатот во САД

Техеран го обвини Вашингтон за „економски тероризам“ и побара реакција од ОН

САД го губат вселенскиот примат, Русија и Кина сè поблиску во новата трка

Горан Наумовски

Иран и Оман постигнаа договор за Ормутскиот теснец, и покрај противењето на САД

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна