Негувателка во градинка во Скопје истурила кафе на лице на дете додека тоа се наоѓало во креветче во занималната. Детето се здобило со изгореници од прв степен во пределот на очите и левата јаболчница.
Министерството за внатрешни работи (МВР), денеска соопшти дека М.Г. (33) од Скопје пријавила дека во 12:30 часот во објектот „Чекорче“ на градинката „Срничка“ во занималната на постара предучилишна група, додека нејзината малолетна ќерка лежела во нејзиното креветче, од страна на непозната негователка било истурено кафе врз лицето на детето.
Поради здобиените изгореници родителот го однел детето на лекарски преглед во Детска хирургија-Скопје.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.