Британскиот дизајнер Томас Хедервик ја претстави структурата со налик на саќе, составена од комплексна мрежа на скали, која ќе биде изградена во Менхетн во рамките на проектот „Худсон Јардс“.
Необичната структура е наречена „Весел“ и ќе биде централен украс на големиот плоштад кој ќе биде составен од јавно шеталиште и тревници.
НА 15-метарската широка база, сплетот на скали и стазата се издигнуваат на 15 спратови и се шират во облик на ваза се до распонот од 46 метри, колку што има на врвот.
Вертикалниот лавиринт е составен од вкупно 154 скали поврзани со 80 хоризонтални платфроми.
Се очекува структурата во вредност од 250 милиони долари да биде изградена во наредните две години.