СОБ: Новото раководство е избрано на легитимен начин

Од:

Расположениоето на членовите на Синдикатот за одбрана и безбедност (СОБ) и неодговорното раководење на стариот претседател Ристо Ајтов биле причините за смена на раководството во СОБ, информираше денеска на прес-конференција новиот преседател Оливер Стојановски по повод последните обвинувања за нивната нелегитимност.

Според него, до смена дошло откако Ајтов пробал минатата година на незаконски начин да свика конгрес на синдикатот на кој сегашното раководство не било повикано, а за да го спречат тоа тие се обратиле до Министерството за труд и социјална политика со барање за привремено суспендирање на СОБ.

– Тогаш ние го формиравме иницијативниот одбор за спас на синдикатот, со цел за да ја спречиме приватизацијата на синдикатот бидејќи нашиот синдикат буквално функционираше како приватен синдикат на Ристо Ајтов. Тоа мораше да се спречи и повеќе неможеше да се толерира, рече Стојановски.

Информира дека потоа тие го оддржале вториот статутарен конгрес на кој донеле соодветни одлуки, а потоа доставиле документ до Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за да ги отпочнат процедурите за законска смена на раководството на СОБ. Од неодамна тие добиле решение од МТСП дека се уважуваат одлуките од конгресот и дека во Централниот регистар тој е заведен како претседател на СОБ.

Од неодамна, според него, дознале дека од Министертвото ја поништиле одлуката за нов синдикален лидер, на што тие поднеле жалба.

Би можело да ве интересира

Момче од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба