Фондацијата Ѓорѓија Џорџ Атанасоски денеска донираше апарати за домаќинство во СОС Детското село во Скопје.
– Фондацијата подарува апарати за домаќинство, издвоени конкретно од списокот најпотребни работи за СОС Детското село. Апаратите несомнено ќе овозможат подобри услови за развој на секое дете, а воедно ќе ја олеснат секојдневната работа на родителите, рече директорот на Фондацијата Николас Атанасоски.
Домаќините искажаа благодарност за донацијата, која, како што истакнаа, покрај на децата, значително им помагне и на лицата кои се грижат за нив.