Средба на началникот на ГШ на АРМ Величковски со американскиот генерал Хоџис

Од:

Македонија има талентирани млади луѓе кои сакаат да станат офицери-лидери во вашата земја, но и одлично раководство на Армијата и Министерството за одбрана кое цврсто се залага за евроатланска интеграција, истакна денеска командантот на копнените сили на САД за Европа генерал-потполковник Фредерик Бен Хоџис по средбата со генерал-потполковник Методија Величковски во Генералштабот на АРМ. 

Хоџис нагласи дека е импресиониран од талентираните млади луѓе коишто ги сретнал изминатите денови кои сакаат да станат лидери, офицери.

– Јас сум секогаш инспириран и со позитивно мислење за иднината при вакви средби. Ја давам мојата поддршка на Воената академија и на Македонија да ги развива младите луѓе да кои сакаат да станат лидери во вашата земја. Инспириран сум од началникот на АРМ, офицерите, министерот за одбрана и сите цивили кои работата во Министертството за одбрана бидејќи сите се заложуваат цврсто Македонија да продолжи по патот за евроатлантската интеграција и се надевам дека тоа на крајот ќе се постигне, рече Хоџис.

Тој истакна дека е горд на амбасадорот на САД во Македонија и персоналот на амбасадата за заложбите кои ги прават за влез на Македонија во НАТО алијансата.

Началникот на ГШ на АРМ Величковски рече дека со генерал Хоџис разговарале за досегашната, но и за понатамошна соработка во делот на едукацијата и тренинг вежбите за кои АРМ очекува поддршката од САД да продолжи и наредната година.

– Со гордост сакам да ве информирам дека учеството на нашите  војници на вежбата „Анаконда“ оваа година, која беше помогната од армијата на САД, капацитетите, можностите и достигнувањата на нашите војницина и единици кои беа вклучени во самата вежба, беа високо оценети од генералот Хоџис. Тоао ми дава за право да кажам дека остануваме на истиот пат дека работиме во добар правец и дека конечно Македонија ќе го добие заслуженото место како рамноправен партнер во НАТО, истакна генерал Величковски.

Генералот Хоџис претходно се сретна со министрот за одбрана Зоран Јолевски, а попладнево ќе ја посети воената полиција при АРМ.

Би можело да ве интересира

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он

Момче од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски