Поплавените досега добиле 450.000 евра од осигурителните компании

Од:

Вкупно 450.000 евра им се исплатени на семејствата од поплавените подрачја, но осигурителните компании располагаат со уште 500.000 евра дополнителни средства зашто проценката на штетите се уште трае, информира денеска Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Според Агенцијата, од пријавените 860 штети, основа за надомест немале 257.

АСО, на прес-конференција по повод 1 ноември, Денот на осигурувањето, порача: граѓаните, претпријатијата, микро, мали и средни, големите компании, занаетчиите, земјоделците, државните институции…, да ја препознаат важната улога на осигурувањето како најдобар, најефикасен и најекономичен начин за справување со потенцијалните финансиски загуби и надоместување на штетите.

Воедно соопшти дека осигурителните компании во земјава имаат задоволително ниво на капитал, адекватни резерви и доволно ниво на ликвидни финансиски средства за сервисирање на обврските.

Извештајот за првите девет месеци од годинава, заклучно со 30 септември, покажува дека е остварена бруто полисирана премија (БПП) од 6,62 милијарда денари што е пораст на приходите за 4,86 отсто во однос на истиот период лани.

Кај неживотното осигурување БПП е 5,80 милијарди или 3,09 проценти повеќе од 2015-та, додека осигурувањето на имот бележи пад од 7,98 отсто со БПП 1,27 милијарди денари. Во осигурувањето на живот продолжува двоцифрената стапка на раст на приходите. Изнесува 19,22 отсто, а БПП е 825,17 милиони денари.

Друштвата за осигурување исплатиле бруто износ на штети од 2,62 милијарда денари или 14,11 процент повеќе од лани. Добивката по оданочување е 402,10 милиони денари, а вкупните вложувања се 13,64 милијарди денари што е пораст за 7,49 отсто.

На прес-конференцијата лица од поплавените подрачја, бизнисмени, пензионери и превозници ги споделија своите позитивни искуства со, како што рекоа, успешно реализираните осигурителни полиси. Сопственикот на „Везе Шари“ кому во голем пожар се му изгорело до темел, за 18 дена добил 1,2 милиона евра, штетата за поплавени камиони на транспортер од Скопско му била надоместена за 25 дена, а пензионерка за изгорен стан добила оштета за период од два месеца.

Директорот на Агенцијата Климе Попоски иформира дека годинава е исплатен највисокиот поединечен износ на штета во изминатава деценија, вкупно 6,7 милиони евра за хеликоптерот на МВР што се урна во 2014-та.

Агенцијата за супервизија на осигурувањето ќе го одбележи 1 Номеври со доделување награда за најдобар млад истражувачки труд, како и со заеднички активности со Народната банка и Министерството за финансии кои исто така предвидуваат доделување награди, но за најдобри цртежи и поетски творби. Воедно, како што информира директорот Попоски, продолжуваат и редовните едукативни кампањи за финансиско описменување на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите