Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ги изненади своите сонародници со изјавата, дека ќе води секојдневно радио прoграма за салса.
– Од 1 ноември почнува мојата програма за радио Мирафлорес. Ве поканувам да слушате, објасни шефот на државата. .
– Тоа ќе биде музичко, културно и политичко предавање – национално и интернационално. Ќе има од се по нешто, рече Мадуро.
Венецуела се соочува една година со најтешката економска криза во историјата предизвикана од паѓањето на цените на суровата нафта – извор на 96 отсто од приходите . Инфлацијата и е неконтролирана и се очекува да достигне 475 проценти оваа година, според прогнозата на ММФ.