Саем на книга во Кавадарци

Од:

Саем на книгата по деветти пат  беше отворен синоќа во градската библиотека „Феткин” од Кавадарци, на кој учествуваат  повеќе издавачки куќи.

– За книгата, за нејзиното влијание во културно-образовниот процес сме слушале, сме читале многу пати и секој од нас дошол до сознание дека таа е извор на информации. Претставува мост помеѓу различностите. Преку испишаните страници учиме за различни традиции, култури, новитети. Таа е основен двигател во општетството, рече Трајанка Атанасова, директор на библиотеката.

Саемот, кој ја носи пораката „Патувајте во светот на книгите”, е во организација на библиотеката, градоначалникот и Советот на општина Кавадарци.

Настанот по повод месецот на книгата е во рамки на традиционалната „Кавадаречка културна есен”. Саемската манифестација ќе трае до сабота од 9 до 20 часот.

Би можело да ве интересира

Антолог: 22 дела во вториот круг за наградата „ДРАГИ“ 2024

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска