Актуелниот шампион во регионалната кошаркарска АБА лига, белградската Црвена звезда продолжува со максималниот ефект во новата сезона.
Црвено-белите вечерва на гостувањето во Барј славеа убедлива победа над Морнар со 71-59 по четвртини 17:10, 15:21, 11:22 и 16: 18.
Марко Симомовиќ со 14 поени ја предводеше листата на најдобри стрелци во редовите на Црвена звезда која заедно со Будуќност се двете екипи кои досега немаат пораз во АБА.
Седмото коло во регионалното натпреваровање ќе биде комплетирано вечерва со дуелот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје каде Карпош Соколи против Олимпија ќе се обиде да ја оствари првата победа во дебитантската сезона во АБА лигата.