Сопругот на Јанкулоска именуван за прв човек на Инспекцискиот совет

Од:

Влатко Илиевски, сопругот на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, официјално е именуван за претседател на Инспекцискиот совет, со одлука на Владата, која ја потпишал вицепремиерот и министер заздравство, Никола Тодоров, според објавата од понеделникот во „Службен весник“, пренесува Макфакс.

Сопругот на Јанкулоска претходно беше советник во кабинетот на тогашниот премиер Никола Груевски, а во 2013 година стана и независен член на одборот на директори на Македонската берза за хартии од вредност.

Два месеца, на 18-ти август, Илиевски беше избран за в.д. претседател на оваа институција, а сега и официјално застана на чело на Инспекцискиот совет. Оваа должност го става имено во позиција да биде прв човек на 28-те инспекциски служби.

Поради тоа, што неговата сопруга Јанкулоска се соочува со неколку истраги во кои таа е осомничена за дела кои ги води Специјалното јавно обвинителство (СЈО), јавноста веднаш реагираше дека станува збор за очигледен непотизам. Покрај тоа, се поставува и прашањето дали можеби нема да стане збор за судир на интереси доколку СЈО во истрагите за неговата сопруга, побара информации од споменатите Државни инспекторати, на коишто сега шеф им е токму Илиевски.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза