А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Општина Штип доби два милиони денари од продажба на парцели

by А1он31/10/2016 - 16:33129
Share0

Во буџетот на Општина Штип се инкасирани два милиони денари од последната продажба на градежно земјиште за изградба на индивидуални куќи и стопански објекти соопшти денеска портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Од понудените 20 градежни парцели на јавната електронска аукција продадени се девет парцели, од кои седум се за индивидуални куќи во населба „Дузлак“ и уште две парцели за индустрија. Со продажбата на седумте парцели за индивидуално домување продадени се и сите парцели за куќи вкупно 53, што беа предвидени на локацијата меѓу населбите „Дузлак“ и „Баби“, рече Ристов.

Тој истакна дека веќе се работи на изготвување нова урбанистичка документација за нови локации за продажба на парцели за куќи, а кои ќе бидат наменети и за проектот на Владата „Купи куќа, купи стан“ за млади брачни парови.

Ова е последната продажба во 2016 година  која Општина Штип ја спроведе, бидејќи поради предвремените парламентарни избори не може да се врши продажба на градежно неизградено земјиште.

Следете a1on на Youtube YouTube
stip

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он26/05/2026 - 16:1026/05/2026 - 16:13

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Горан Наумовски15/05/2026 - 14:31

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Горан Наумовски13/05/2026 - 14:19

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:5412/05/2026 - 19:55

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

Горан Наумовски07/05/2026 - 17:38

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски30/04/2026 - 09:5830/04/2026 - 12:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто