ДЗС ќе врши попис на угостителски и капацитети во трговијата на мало

Од:

Државниот завод за статистика од утре до 12-ти овој месец ќе спроведе Попис на капацитетите во трговијата на мало и Попис на угостителските капацитети.

Пописите ќе се спроведат на целата територија на Република Македонија, со овластени попишувачи кои ќе ги прибираат податоците по пат на интервју од деловните субјекти (продавници, хотели, ресторани и сл.).

Со  пописите, како што соопшти ДЗС, ќе се приберат податоци што ќе се користат за оценка на постоечките состојби и за планирање на идниот развој во областа на трговијата и угостителството, како и за економијата во целина.

Заради успешна реализација на теренските активности, како и на акцијата во целина, Државниот завод за статистика апелира до сите трговски и угостителски капацитети да им излезат во пресрет на попишувачите и да ги дадат сите потребни податоци.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он