Реконструирани улици во гостиварска Лакавица

Од:

Во гостиварското село Лакавица се реконструирани четири улици за што се инвестирани 2 милиони 635 илјади денари, средства обезбедени од буџетот на општина Гостивар.

Гостиварскиот градоначалник, кој денеска беше во посета на селото Лакавица, најави дека и во следниот период ќе продолжат инфраструктурните зафати со цел да се овозможат подобри услови за живот.

– Реконструкцијата и поплочувањето на овие улици беше барање на месното население и тоа го овозможивме. Јас сум задоволен од сработеното. Инаку, ова село е блиску до градот и сметам дека со вакви инфраструктурни зафати и инвестиции ќе се придонесе за помала миграција од село во град. Жителите ќе добијат услови слични на градските и нема да имаат потреба да се селат во град, истакна Бејта. 

Според претседателот на месната заедница Биљал Биљали, реконструкцијата на улиците е почеток на соработката меѓу локалната заедница и општина Гостивар, која, како што рече, сега е на соодветно ниво.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза