А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Инфо ден во штипската подружница на Акционерското друштво за изградба и сопанисување со станбен и деловен простор

by А1он31/10/2016 - 16:27117
Share0

Директорот на Акционерското друштво за изградба и сопанисување со станбен и деловен простор, Цветко Грозданов денеска во регионалната подружница во Штип имаше средба со граѓаните и станарите кои живеат во станови и објекти со кои стопанисува ова акционерското друштво. Грозданов вели дека во Штип имаат 166 семејства кои користат станови по два основи, по програмата ФП1340 и за лица корисници на постојана социјална парична помош, самохрани родители и за деца без родители.

Добивај вести на вибер

– Во последниот оглас кој што го имавме тука беше пријавена група од 160 граѓани, кои што имаа потреба, некои од нив исполнуваа услови, некои од нив не. Но денеска сме сведоци дека има потреба за дополнително разгледување и размислување за изградба на дополнителни станови за граѓаните од Штип, како би обезбедиле кров над главата на лицата кои користат постојана парична помош, самохрани родители и за децата без родители. Би сакал да напомнам дека во оваа програма во размилсување сме во периодот кој што следува, кога ќе направиме целосно реализирање на проектите кои што ги имаме да се вратиме повторно во Штип, како би зацртале можност за изградба на уште една ваква зграда, вели Грозданов.

Тој истакна дека се разгледува и можноста за изградба и на комерцијална зграда во центарот на Штип, а становите ќе можат да ги купат оние лица кои имаат финансиска можност.

– Во изминатиот период извршено е едно сондирање, анкета во која што сепак Штип како жив град има потреба од се уште градење на комерцијални згради, кои што ќе бидат наменети за оние лица, кои се финансиски моќни, ќе ги разгледаме локациите, па ќе донесеме понатаму одлука за можна градба на комерцијални станови, вели Грозданов.

По програмата ФП1340 за откуп на станови се пријавиле шест семејства, со кои веќе се склучени и договори за откуп на становите во кои живеат.  Грозданов вели дека денеска имал и средба со граѓаните со цел да увиди дали регионалната подружница е вистински нивен сервис. Вакви информативни средби директорот на Акционерското друштво за изградба и сопанисување со станбен и деловен простор ќе има и во други градови.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен