МЗШВ: ИСАК софтверот е функционална алатка од 2012 година

Од:

Развојот на земјоделството и руралните средини се еден од основните приоритети на Владата на Република Македонија, а распределбата на субвенциите се извршува по утврден финансиски план, по проверка на исполнетост на сите пропишани услови и критериуми, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Во соопштението МЗШВ ги демантира обвинувањата изнесени на денешната прес-конференција од дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, дека исплатата на субвенции и ИПА средства на земјоделците не се врши преку Интегриран систем за администрација и контрола (ИСАК).

– Започнувајќи од 2012 година, при спроведувањето на мерките за директни плаќања Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој започна со користење на податоци од интегрираниот систем за администрација и контрола, при што започна процесот на поедноставување на постапките за поднесување на барањата и намалување на бројот на документите кои земјоделците ги доставуваат во прилог на барањата. Преку воспоставениот интергриран систем за администрација и контрола, започнувајќи од 2016 година за прв пат овозможивме земјоделците своите барања за финансиска подршка да ги поднесуваат електронски, самостојно, со што процесот на аплицирање целосно се поедностави, а документите за проверка на исполнетост на условите се обезбедуваат по службена должност. Размената на податоците од регистрите е утврдена во договорите за соработка кои Агенцијата ги има склучено со МЗШВ во 2009 година и со Агенцијата за храна и ветеринарство во 2015 година, се наведува во соопштението.

Софтверскиот модул, информиаат од МЗШВ, за екстракција на примерок за контрола на терен и модулот за извршување на контроли на терен како дел од ИСАК софтверот е функционална алатка од 2012 година, при што секоја година се користат повеќе од 10 критериуми за ризик за избор на примерок за контрола, при што Агенцијата само во 2014 година привремено како помошна алатка при анализите користи повеќе софтверски програми како ГИС програми, Мајкрософт офис, вклучувајки и ексел апликација за екстракција на примерокот за контрола, што е алатка за табеларни прегледи и калкулации која се користи низ целиот свет.

– Процентот на исконтролирани баратели во 2014 година е 7,5 проценти од вкупниот број на баратели за финансиска поддршка, што е  поголем процент од претходните години и од процентите на исконтролирани баратели во земјите членки на ЕУ. Дека станува збор за успешен примерок за контрола дополнително укажува и поголемата сума на  спречени ненаменски средства од претходните години за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2014 година, стои во соопштението на МЗШВ.

Од МЗШВ, исто така, тврдат дека за секоја одобрена и исплатена финансиска поддршка имаат извршено проверки за исполнетост на условите за доделување на истата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Системот за авионско засејување на градоносни облаци е добар проект со кој 80% ги заштитуваме земјоделските површини

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев и Хоџа: Со акцијата за пошумување ги обновуваме зелените површини за здрава животна средина

Ана Ололовска

Од утре делумна забрана за движење во шумите

Ана Ололовска

Вкупно 600.000 евра поддршка од МЗШВ за четири факултети – ќе се опремуваат лаборатории и ќе се реализираат научно-истражувачки проекти

Ана Ололовска