Записниците за штетите од поплавите во Ѓорче Петров предадени во Владата

Од:

Вкупно 7.126.810 денари е проценетата штета од поплавите, кои во август годинава ја зафатија и скопската општина Ѓорче Петров. 

Ова се резултатите на Комисијата за увид и проценка на штети од поплавите од општината Ѓорче Петров, кои излегле на терен од 10 до 15 август годинава. Комисијата извршила увид и изготвила записници по сите пријави за штети од граѓани доставени до архивата, заклучно со 15 август 2016 година.

– Излезено е на увид по 207 пријави: Ѓорче Петров 61 пријава, Даме Груев 71, Хром 15, Волково 43 и Кисела Јабука 11, Стопански Двор пет и Ново Село една пријава. Изготвени се исто толку записници поткрепени со фотографии, информира општина Ѓорче Петров. 

Штети од категорија А или најтешко погодени семејства се 33, средно погодени семејства 82, од категорија Ц или полесно погодени семејства 18, без категорија или некатегоризирани по разни основи се 74 семејства.

Сите материјали од увидот се предадени во архивата на Владата на понатамошно одлучување.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза