„Гардијан“: Потомци на германски Евреи во Британија бараат германско државјанство

Од:

Потомците на некогашните германски Евреи кои побегнале од Германија поради нацистите, во времето пред и во текот на Втората светска војна и се населиле во Велика Британија, сега бараат да станат Германци и поднесуваат барања за добивање германско државјанство.

Според лондонски „Гардијан“, бројот на Британците од еврејско потекло кои сакаат да станат државјани на Германија, значително е зголемен по референдумот од 23 јуни и одлуката земјата да ја напушти ЕУ.

Ваквиот процес, да се бара државјанство од земјата која нивните претци ги има натерано на најсуров начин да бегаат од земјата, за да не завршат во логорите на смртта, не е нова, затоа што вакви случаи имало и порано.

Но според податоците на германската служба за миграција, на која се повикува весникот, од досегашниот просек од 25 вакви барања годишно, сега е зголемен на 400 кои се во процедура.

Весникот наведува дека стотици други барања и апликации се подготвени за да бидат разгледувани од германските имиграциони власти.

Потомците на пребегнатите германски Евреи, имаат право да бараат да бидат државјани на Германија, според закон кој е донесен по завршувањето на војната.

При донесувањето на овој закон, било речено дека затоа што станува збор за потомци на луге кои биле германски државјани, пред да побегант од земјата, во обидот да преживеат и да не бидат ликвидирани.

Значително зголемениот број вакви барања по Брегзит, претставува потврда за засилените напади врз верска, национална и расна основа, посебно во Англија, на странци, доселеници и мигранти.

Најголемиот дел вакви напади се врз државјани од ЕУ, од Источна и Југоисточна Европа, како и врз британските Евреи и муслиманите.

Велика Британија и официјално од ОН беше обвинета за „раширен говор на омраза“ во текот на кампањата за референдумот за Брегзит, забележувајќи им на домашните политичари и на јавноста што не реагирале и не го осудиле ваквото однесување.

Би можело да ве интересира

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке