Земјотрес со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван рано изутрината во 2 часот и 49 минути во северозападна Македонија.
Според информациите од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот бил 120 кимолетри северозападно од Скопје, во соседна Албанија.