Чешкиот министер за надворешни работи го обвини министерот за култура дека не го почитувал договорот да не се среќава со Далај Лама

Од:

Министерот за култура Даниел Херман не го одржа зборот и договорот со Владата, кога официјално на тлото на Министерството се сретна со Далај Лама, изјави денеска во емисија на чешката телевизија Прима, министерот за надворешни работи Лубомир Заоралек.

Шефот на чешката дипломатија индиректно потврди дека постоел договор на Владата, нејзините членови средбите со тибетскиот водач да не ги одржуваат во Министерствата, бидејќи тоа ќе се смета за официјална средба, јави дописникот на МИА од Прага.

Според Договорот за стратешко партнерство со Кина, дипломатските средби со Далај Лама го доведува во прашање нејзиниот територијален интегритет.

– Господинот Херман, ми се обрати дека ќе се сретне со Далај Лама на Конференцијата Форум 2000, а одеднаш прочитав дека ќе го прими официјално во Министерството. Ми прати СМС порака дека состојбата се сменила и дека тоа за него е прашање на совеста, рече Заоралек.

Херман ги отфрли обвинувањата на Заоралек.

– Едноставно се оградувам од таквото тврдење, никаде не сум ветил дека нема да се сретнам со Далај Лама. Напротив, кога дискутиравме, реков дека такво ветување е неприфатливо и не е во согласност со мојата совест, рече Херман подвлекувајќи дека отфрла било каков диктат од Пекинг и оредување со кого може, а со кого не може да се сретне.

Според Заоралек, за кого додржувањето на политичките договори е основа на културата на дипломатијата, Чешка направила нешто што не си дозволил ниту американскиот претседател Барак Обама, ниту словачкиот претседател Андреј Киска.

– Хернан „исчекори напред“ и стана херој, коментира Заоралек.

Случајот Херман стана познат откако во јавноста излезе информација дека претседателот Милош Земан нема да му ја додели најавената државна награда на истакнатиот чешки публицист, Јиржи Бради, преживеан од концентрационите логори во Терезин и Аушвиц заради средбата со Далај Лама на министерот Херман, кој е негов близок роднина.

Со Далај Лама, кој беше учесник на неодамнешната Конференција во Прага, чиј основач е поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел, кој почина во декември 2011 година, се сретнаа и вицепремиерот Павел Бјелобрадек, министерот за човекови права Јиржи Динстбир, како и потпретседателите на Парламентот и Сенатот.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница