Павле Богоевски: Диме Спасов веднаш да поднесе оставка од својата функција

Од:

„Завчера околу полноќ, дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов предизвика неколку сообраќајни несреќи. Неговото несовесно забавување завршило токму на оваа улица.

И да се разбереме – ние не сме денес тука затоа што Диме Спасов се забавувал. Ние сме денес тука, бидејќи тој постапил на начин кој не му доликува на кое било пристојно човечко суштество, а уште помалку на висок државен функционер.

Во текот на вчерашниот ден, повторно ја видовме пропагандата и криминалот на ДПМНЕ на дело. Повторно видовме изигрување на правдата.

Прво, влегол во возило кога не смеел да влезе и искршил се што му се нашло на патот. Второ, избегал од полицијата и од местото на настанот. Оставајќи ги зад себе другите учесници во несреќата. Потоа, друго лице дојде да ја лаже полицијата и да се жртвува за да го спаси угледот на младиот заменик министер, кажувајќи дека тој управувал со возилото.

Повеќе од дваесет часа подоцна, неговите адвокати и пропагандната машинерија на дпмне ја смислија најновата лага – дека Диме Спасов бил нападнат од „осудени криминалци со албанско етничко потекло кои имале дебели полициски досиеа“, па тој едноставно морал да бега и да крши се пред себе. Исто така, полицајците кои конечно го запреле по неговото десетминутно дивеење по скопските улици, му се виделе сомнителни, па морал да избега и од нив.

Повторно лаги, бегање од одговорност и закани за тужење на медиуми кои си ја вршат својата работа.

Диме Спасов мора да одговара за своите постапки. И лицата кои му помогнале да го прикрие делото мора да одговараат. Нашиот систем не смее да продолжи да толерира прекршување на законите од тие кои треба да ги спроведуваат. Бараме и очекуваме Диме Спасов да поднесе оставка од својата функција. Веднаш“, изјави граѓанскиот активист Павле Богоевски.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за екс министерот Диме Спасов и градоначалникот Марјан Ристески

А1он

И Андонов мобилизиран да го брани Диме: Оливер Спасовски да поднесе оставка зошто лаже

Емир Латифовиќ

Има ли крај: Сопатничката на Диме Спасов по трет пат ја смени изјавата за инцидентот

Ана Ололовска

СДСМ: Диме Спасов не смее да се доближи повеќе на нашите деца!

Ана Ололовска

Продолжува шпанската серија со Диме Спасов

Емир Латифовиќ

СДСМ: Спасов продолжува да се брука, без трошка срам и каење

Ана Ололовска