„Ние немаше да дојдеме денес тука доколку Диме Спасов веднаш преземеше одговорност за своите постапки. Неговата неодговорност и прикривање повлече сплет на настани што резултираа со уште поголеми лаги, манипулации и презентирање на лажни факти пред јавноста.
Затоа бараме од Министерството и од Министерот за внатрешни работи да ги преземе сите потребни дејствија за расветлување на случајот и санкционирање на сторителите. Истовремено, потсетуваме дека и давањето лажен исказ и лажното пријавување кривично дело се посебни кривични дела за кои мора да постои одговорност.
Мора да го оставиме зад нас времето кога луѓето кои треба да го постават примерот за граѓанско однесување се однесуваат како шерифи кои се над законот.
Ова е вистинската шанса, МВР да покаже професионалност и одговорност во своето работење, а со тоа да почне да ја враќа вербата на граѓаните во оваа институција. На граѓаните им треба ВЛАСТ што е под НИВНА КОНТРОЛА И НАДЗОР, а не обратно“, изјави граѓанскиот активист Влатко Васиљ.