Спасов со пријава-поплака за група со албанска националност, која наводно го бркала и нападнала

Од:

Дополителниот заменик министер за труд и социјална работа и екс министер, Диме Спасов, по давањето исказ во полициската станица Карпош, поднел и поплака против неколку лица од албанска етничка припадност од населба Серава.

Спасов кој во полицијата се појави по цело деноноќие во полиција тврдел дека ноќта кон саботата, лицата го бркале и го нападнале и затоа тој бегал.

Ова по целодневно молчење беше и веста, која ја напишаа дел од медиумите блиски до власта.

Според полицискиот извештај, Спасов направи два сообраќајни инциденти и побегнал од полицијата кога бил сопрен, а неговата сопатничка останала во полиција и дала исказ. Потоа, на местото на инцидентот на улицата „Алжирска“ се појавило трето лице кое тврдело дека тоа го управувало џипот „туарег“. Според сознанијата на медиумите, лицето коешто се пријавило како сторител на незгодата, е личниот возач на министерот Спасов, вработен Минисерството за труд и социјална политика

Дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, освен што бегаше од полицијата, синоќа , ги избегна новинарските прашања по дадениот исказ во полициската станица во Карпош.

Возило со затемнети стакла влегло во дворот на полициската станица во Карпош што му овозможи на Спасов да ги избегне новинарските екипи кои чекаа државниот функционер да одговори на прашањата кои се важни поради неговата висока јавнапозиција.

Би можело да ве интересира

Кривични пријави за екс министерот Диме Спасов и градоначалникот Марјан Ристески

А1он

И Андонов мобилизиран да го брани Диме: Оливер Спасовски да поднесе оставка зошто лаже

Емир Латифовиќ

Има ли крај: Сопатничката на Диме Спасов по трет пат ја смени изјавата за инцидентот

Ана Ололовска

СДСМ: Диме Спасов не смее да се доближи повеќе на нашите деца!

Ана Ололовска

Продолжува шпанската серија со Диме Спасов

Емир Латифовиќ

СДСМ: Спасов продолжува да се брука, без трошка срам и каење

Ана Ололовска