СДСМ: Спасов возел пијан, удрил автомобили, ја лажел и избегал од полицијата, мора да одговара!

Од:

„Диме Спасов мора да понесе одговорност! Спасов не смее повеќе да се појавува до нашите деца во градинките, во социјалните центри, ниту има повеќе морално право да говори за права и одговорности на граѓаните.

Овој човек, дополнителен заменик министер за труд и социјлална политика во Владата возел пијан! Изудирал автомобили на граѓани, а можело да бидат деца, луѓе! Користел службено возило надвор од работно време, дури возилото не е од министерството каде што работи! Напиша скандалозна изјава дека тоа што го сторил не било „тешка сообраќајна несреќа“! Ја лажел полицијата! Ја оставил својата сопатничка на улица за да избега! Избегал од полциијата!

Диме Спасов се обидел да избега од одговорност, наместо да се срами и биде совесен и влегува во нови лаги!

Дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Спасов, постапи непресметливо.

Тој е лош пример за децата и за секој граѓанин.

Тој е примерок од аздисаното, разулавено, криминално владеење на актуелната власт и ако не одговара ќе биде порака дека во оваа земја секој може што сака да прави.

Затоа полицијата мора да го расветли инцидентот и Диме Спасов да се соочи со правдата.

Правда во Македонија ќе има, за никогаш да не се повтори ваква власт, опасна по животот и имотот на граѓаните на Република Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт