Кривична за седум лица од Паланка за разбојништво во Опила

Од:

Полицијата во Крива Паланка до Основното јавно обвинителство – Крива Паланка поднесе кривична пријава против З.З (33), М.С (24),  М.С (64), И.К.(34), А.Ј.(30), И.С.(31) и Н.У.(27) поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „разбојништво“, извршено во село Опила, општина Ранковце, во куќа на Д.Т. (93), С.Т (63) и Љ.Т.(68) – син и ќерка на Д.Т., оштетувајки ги притоа за 185.000 денари.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавените на 7 ноември 2015 година, околу 09,00 часот, по претходен договор пристигнале во село Опила, на место викано Илиинци, општина Ранковце, каде откако се увериле дека оштетениот С.Т., син на „Д.Т. излегол од куќата влегле во дворот, а потоа преку влезната врата влегле во собата каде се наоѓале ќерката на Д.Т., Љ.Т. и Д.Т и физички ги нападнале удирајќи ги во пределот на главата и телото, нанесувајки им телесни повреди, а потоа со селотејп трака им ги врзале рацете и устите.

Во меѓувреме влегле уште две непознати лица, кои извршиле пребарување и ги пронашле парите (3000 евра, 5000 долари и 50.000 денари), по што истите со одземените пари го напуштиле местото на настанот.

Би можело да ве интересира

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он