Американското дизјанерско студио „Групо Архитектс“ реновираше една куќа во Тексас изградена во 70-те години на минатиот век, претворајќи ја во модерен семеен дом.
Реновирањето на куќата „Леман“, која се наоѓа во ридскиот реон на местото Сан Маркос, опфатило и доградба во која се сместени изложбена галерија, сликарско ателје, библиотека и нова спална соба.
Доградбата е сместена во исушено речно корито, поради што се наоѓа на пониско ниво од стариот дел од куќата, со која е поврзана со неколку мостови.
Влезот на светлина во новиот дел од куќата е обезбеден преку провидни ѕидови низ кои се филтрира амбиентална светлина, како и преку стакларниците на таваните.
Како дополнение на куќата во дворот е изградена скулптурна градина и терени за рекреација на домаќините и нивните гости.