(ВИДЕО) Парталов: Пишев не може да го смири стравот на Груевски

Од:

Васил Пишев не може да го смири стравот на Никола Груевски кој во градоначалникот Зоран Заев ги гледа сите свои неуспеси.

Бараме Никола Груевски и неговата власт веднаш да им објаснат на граѓаните на Струмица, зошто намерно ги оставија без пазар и хала за саеми и свечености?

Груевски наместо да нарачува лаги има должност да им одговори на граѓаните на Струмица зошто ги дискриминира, реагира секретарот на општина Струмица Кирил Парталов на прес конференцијата на Васил Пишев.

Зошто централната власт под негова контрола само на општина Струмица не ја предаде касарната во владение, што го направи со сите други општини, каде градоначалниците се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пазарот и салата се предвидени во Касарната што власта на Груевски ја намени за бизнис цели.

Еве го ДУП изгласан по налог на Владата на РМ и Министерството за транспорт и врски. Ова е известувањето од Министерството за транспорт и врски, потпишано од поранешниот министер, обвинетиот Миле Јанакиевски, со коешто и се наложува на Општина Струмица да донесе Детален урбанистички план за дел од земјиштето во Касарната. Ова е планската програма на Министерството за транспорт и врски при Владата на тогашниот премиер, обвинетиот Никола Груевски, според којашто е наложено тоа да се направи.

Намената на ДУП е отуѓување, односно продажба на тоа земјиште за комерцијални цели, деловни и станбени објекти, а не за потребите на Општина Струмица.

Ја разбираме возмиреноста на Никола Груевски од успесите на градоначалникот Зоран Заев во Струмица и покрај сите негови обиди да го оневозможи функционирањето на општината.

Ќе има одговорност за сите неправди врз граѓаните на Струмица од страна на Груевски и неговата власт, рече Парталов.

Би можело да ве интересира

Пишев до Јанкулоска: Прати го Чавков да ми биде логистика во Струмица

Наум Локоски

Пишев: Не реков дека ќе убиеме, туку дека ќе умреме за Македонија

Наум Локоски

(ВИДЕО) Пишев: Мора да се стави крај на матните зделки на Заев

Наум Локоски

Пишев: Факт е дека касарната е дадена на управување на Општина Струмица

Ана Ололовска

Пишев: Заев молчи зошто е фатен на дело и нема аргументи

Емир Латифовиќ

Пишев: Заев молчи за случајот Цареви Кули

Емир Латифовиќ