Децата од новата градинка „Кочо Рацин“ со журка, торта и балони го прославија првиот роденден на нивниот втор дом. Тортата на која сите се радуваа беше во облик на градинката.
На роденденската забава присуствуваше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.
Општина Центар со свои средства ја изгради градинката, а најмладите добија најубави и најквалитетни услови за престој, другарување и учење.
Новата градинка „ Кочо Рацин“ е на местото на стариот руиниран објект и е три и пол пати поголем од претходниот.
На две илјади и осумстотини метри квадратни, запазени се сите критериуми за безбедност на децата. Ова е прв јавен објект со енергетска ефикасност, со подови од винил и подно греење, секоја просторија има свој санитарен чвор, регулаторна температура и антиалергиска подлога.