Постојат многу причини за прекин на пријателство со некои луѓе на Фејсбук и често лицата со кои се прекинува пријателството никогаш не дознаваат зошто тоа е прекинато.
Истражувачите од Универзитетот во Колорадо посакаа да дознаат зошто пријателствата на Фејсбук престануваат. Како што пишува Science Daily, со желба да се пополни празнината за знаењето на овој модерен феномен, истражувачите спроведоа Твитер анкета со 1.077 испитаници па сите резултати треба да се земат со резерва поради природата на примерите.
Првата студија во чии рамки се истражувало со кого престануваме да бидеме пријатели и зошто тоа го правиме, откри дека најчесто прво ги бришеме пријателите од средното училиште, потоа пријателите на пријателите, пријателите од работа и на крај пријателите со кои делиме заеднички интереси. Коавторот на студијата Кристофер Сибона вели дека најчесто ги прекинуваме онлајн контактите со луѓе со кои не се согласуваме по прашањата за религијата и политиката.
Бидејќи најверојатно е дека со пријателите кои најдолго ги познавеме, т.е. со тие кои многу порано сме се запознале нема да се согласуваме по тие прашања, бидејќи во тие години пријателите не се бираат врз основ на согласување по прашања за религија и политика, тие ќе бидат први со кои ќе го прекинеме контактот.
Иако луѓето многу од своите пријатели ги бришат поради содржините на нивните објави, активностите од реалниот живот најчесто се кобни за пријателите од работа. „Откривме дека луѓето престануваат да бидат пријатели со луѓе на Фејсбук поради работите кои ги прават во приватниот живот, а не поради работи кои ги објавуваат на социјалната мрежа” – објасни Сибона.
Друга студија проучила што се случува во емоционална смисла кога пријателството се прекинува и кои емоции најчесто се покажуваат на социјалните мрежи. Истражувањето покажа дека корисниците биле изненадени, погодени и тажни.
Како што објаснува Science Daily, природата на пријателството влијае на реакцијата на пријателот поради бришење на пријателството.
Ако со тоа лице сте биле многу блиски, тоа ќе се налути. Ако лицето ја надгледува листата на пријатели на Фејсбук, шансите се големи дека ќе страдаат поради таа загуба.
Од друга страна, разговорот за тензии во кој било однос пред прекинување на пријателство има олеснувачко дејство, а ако лицето кое е избришано од листа на пријатели по разговорот се обрати на останатите пријатели и побара утеха кај нив, се чувствува подобро.