Стојан Ѓуроски е нов член на МЗТ Скопје Аеродром

Од:

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Стојан Ѓуроски од денеска и официјално е нов член на МЗТ Скопје, со што им се приклучи на колегите од националниот тим, Адем Мекиќ, Марко Симоновски и Љубомир Младеновски.

Станува збор за играч (24 год., 203 см.) кој игра на позицијата ниско крило и кој ќе треба да биде од голема помош во следните неколку средби на кои поради повреди нема да настапат Симоновски, Ѓорѓе Дреновац и Шарлон Клоф. Ѓуроски во следниов период ќе игра со таканаречен отворен договор.

Минатата сезона тој ја почна во дресот на Работнички, но набрзо потоа се пресели во тимот на Кожув.

Претходно, настапуваше за бугарски Левски, а зад себе има у четиригодишен период во американската НЦАА-лига во дресот на Луизијана Тек универзитетот.

Ѓуроски во сино-белиот дрес ќе дебитира в недела на гостувањето против Мега Лекс.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ