Општина Струга ќе гради ново основно училиште

Од:

Со донација од збратимената општина Бујукчекмеџе,  Општина Струга ќе гради ново училиште до постоечкото „Браќа Миладиновци“. Подготвителните работи почнаа денеска, а официјалниот почеток за градба е најавен за вторник, информира градоначалникот на општина Струга Зијадин Села.

Објектот ќе се протега на 1.300 метри квадратни, а проектот предвидува 13 училници, пет административни канцеларии и сала за состаноци.

Со ова, според градоначалникот, ќе се реши проблемот со недостиг на училишни простории во Струга, а учениците ќе посетуваат настава во добри услови.

Со изградбата на новата училишна зграда мислам дека ќе имаме добри услови за децата, кои сега учат во старото училиште „Браќа Миладиновци“ каде условите не се добри, изјави Села.

Реализацијата на проектот, додаде, е резултат на добрата соработка со турската општина Бујукчекмеџе, а идејата произлегла од првата посета на нивната делегација. Објектот очекува да биде готов за околу четири месеци.

Би можело да ве интересира

Обвинителството започна истрага за уривањето на спомен-куќата на Владо Малески во Струга

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски

Ново обвинение за Мерко, овој пат за злоупотреби при осветлувањето на коритото на Црн Дрим

Двајца браќа од струшко село повредиле жена која патувала во комбе

Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени и лиценцирани спасители

Починато бебе однесено во струшката болница