Кошаркарите на Црвена Ѕвезда ја остварија втората победа во Евролигата. Тие синоќа на домашен терен ја победија Барселона со 76:65.
Решавачка за победата беше втората четвртина што домашните ја добија со 31:15. Најефикасен на дуелот беше Марко Гудуриќ со 21 поен.
На другите натпревари одиграни синоќа од 3.коло:
Фенербахче – Жалгирис 82:68,
Бамберг – Панатинаикос 83:84 и
Макаби – Галатасарај 98:92.
На врвот на табелата со максимални три победи се наоѓаат екипите на ЦСКА Москва и Фенернахче.
Вечерва играат се играат првите дуели од 4.коло:
ЦСКА Москва – Уникс Казан,
Дарушафака – Ефес Анадолу,
Милано – Реал Мадрид и
Басконија – Олимпијакос.