Армијата на Венецуела ќе ја преземе контролата врз претпријатијата, кои ќе се вклучат во генералниот штрајк свикан од опозицијата, изјави пратеникот Диосдадо Кабело, кој се смета за десна рака на претседателот Николас Мадуро.
Опозицијата, која има мнозинство во Парламентот бара повлекување на Мадуро од власта.
Таа за утре повика на генерален штрајк.