Вечер по повод Денот на незвисноста на Индонезија

Од:

По повод 71-та годишнина на Денот на независноста на Индонезија, во Музејот на македонската борба ќе се одржи Индонезиска вечер – прв настан чија цел е да ги зацврсти билатералните односите помеѓу Индонезија и Македонија и да  придонесе за запознавањето на двата народа.

Амбасадата на Република Индонезија соопшти дека ќе биде претставен традиционалниот  автентичен танц од Бали во изведба на танцовиот мајстор Аја Булантрисна Џелантик и неговата група.

Гостите ќе може да уживаат и во убавините на Индонезија претставени преку фотоизложба, како и да вкусат карактеристична индонезиска храна и индонезиско кафе.

Како што соопшти почесниот конзул на Република Индонезија во Скопје, Сашко Кедев, на Индонезиската вечер е најавено присуство на дипломатскиот кор во Македонија, претствници на Владата на РМ, бизнис-секторот  и од индонезиската заедница во Македонија.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници