Груевски се сретна со првите луѓе на британската владејачка Конзервативна партија

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со партиската делегација, во чиј состав се членот на извршниот комитет Никола Попоски и пратениците Александар Николоски и Владимир Ѓорчев, денеска во Лондон се сретна со Патрик Меклоглин, претседателот на Конзервативна партија која е владејачка и најголема партија во Велика Британија, и со потпретседателот на партијата Марк Филд.

Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, на средбата се разговараше на повеќе теми и области поврзани со стратешките интереси на Република Македонија за членство во НАТО, мигрантската криза, како и аспектите на политичката криза наметната од опозицијата.

– Груевски посочи дека државата е силно фокусирана кон зајакнување на економијата и подигнување на стандардот на граѓаните што е суштински важно за целокупниот развој на Република Македонија. На тој план Велика Британија е важен трговски партнер на Македонија и постојат огромни потенцијали што треба да се искористат и ќе придонесат за дополнително интензивирање на меѓусебните економски релации, истакна Груевски.

Тој посочил дека и покрај штетното влијание од политичката криза, државата успеа да постигне позитивни економски резултати за што сведочи, нагласил, и последниот извештај на Светска Банка „Дуинг бизнис“, каде Македонија е на високото 10-то место во светот и петта во Европа по добрата бизнис клима.

Во поглед на политичката криза наметната од опозицијата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, се додава, истакнал дека е потребно да се стави крај, а изборите се неопходни, при што граѓаните ќе имаат можност да одлучат за иднината на демократски и фер избори.

Соговорниците се осврнале и на мигрантската криза при што, се посочува во соопштението, била потенцирана важноста на улогата која Македонија ја има во справувањето со овој предизвик.

Станало збор и за потенцијалите за соработка на партиско ниво помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Конзервативната партија.

Потпретседателот на Конзервативната партија Марк Филд ја изразил поддршката на Конзервативната партија од Велика Британија на ВМРО-ДПМНЕ.

– Задоволни сме како Кознервативна партија што имавме средба со нашата сестринска партија, односно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и неговиот тим. Македонија може да се гордее со големиот успех и напредокот на економијата, и како што знаете компании како Џонсон Мети и останатите британски компании се голем работодавач во државата, што значи дека стекнале доверба во Македонија. Велика Британија не го остава светот ниту Европа зад себе, и јас се заложувам и сум уверен дека економските односи со Македонија и државите од Балканот се повеќе ќе се зацврстуваат во годините што следат, изјавил по средбата потпретседателот на британската Конзервативна партија Филд.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за време на престојот во Лондон остварил средба и со лордот Тим Босвел, кој воедно е и претседател на највлијателниот Комитет за европски прашања под кој се наоѓаат седум други подкомитети.

– На средбата лордот Босвел ја афирмираше поддршката за Македонија во поглед на остварување на стратешките интереси на државата и напредокот, кој се остварува во поглед на економијата, реформите во повеќе сфери и области кои се важни за граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески