Кошаркарите на Кожув од Гевгелија го претрпеа вториот пораз во регионалното натпреварување БИБЛ лигата откако вечерва загубија од Теодо со 85:79 (30:16; 16:22; 21:21 и 18:20).
Во првиот период од натпреварот домашниот беше подобар ривал, а од средина на првиот период имаше двоцифрена предност. Гевгеличани успеаја во два наврати да намалат на три разлика (52:49 и 72:69), но немаа сили за пресврт.
Најефикасен на дуелот со 20 поени беше Милош Ѓуришиќ од Теодо, додека кај Кожув Кенион Мек Нил постигна 19, а Миливое Миовиќ и Роберт Абрамовиќ постигнаа по 18.
Од македонските екипи утре настап во БИБЛ лигата ќе има Фени Индустри на домашен терен ја пречекува Трепча.