Европратениците бараат заедничка одбранбена политика на ЕУ

Од:

Европската Унија мора да реагира за влошувањето на безбедносната сосотјба и да им помогне на вооружените сили на своите земји членки да работат заедно, како прв чекор во градењето на заедничката одбранбена политика, се посочува во предлог-резолуциите на комисиите за надворешни работи и за безбедност и одбрана на Европскиот парламент, усвоени денеска. 
Како што јави дописникот на МИА од Стразбур, европратениците предлагаат формирање на Европски оперативен штаб за планирање, контрола и управување со операциите за справување со кризи.

Тие предлагаат и трошоците за одбрана да достигнат до два отсто од БДП, како и да започне спроведувањето на операција за обука во ирачките вооружени сили.

– Во последниве години, безбедносната состојба во Европа и нејзиното опкружување се влоши значително како последица на бројни предизвици, меѓу кои се и тероризмот и енергетската, хибридната и кобер несигурноста, кои ниту една земја не може да ги реши сама, се вели во резолуцијата на Комисијата за одбрана, која ја подготви европратеникот Урмас Пает.
Во резолуцијата на Комисијата за надворешни работи пак се бара Европската Унија да реагира „брзо и енергично на вистинските закани“, што ја наметнува потребата од соработка на вооружените сили на европските земји.
– Две третини од граѓаните на ЕУ би сакале да видат поголем ангажман на ЕУ во безбедноста и одбраната, се вели во текстот на резолуцијата, во кој авторот Јоан Мирчеа Паску се повикува на истражувањето на Евробарометар од јуни 2016 година.
Во резолуцијата се бара од Европскиот Совет да се насочи кон создавање на „заедничка одбранбена политика на ЕУ и да се обезбедат дополнителни финансиски средства за нејзина имплементација“,
Во неа европратениците се залгаат и за воспоставување на Европски оперативен генералштаб, кој би ги планирал, би раководел и би ги контролирал операциите за управување со кризи.
Европратениците ги повикаат земјите членки на Унијата да одвојат средства во висина од два проценти од своите БДП за потребите на одбрана и да воспостават „мултинационални сили со постојана структурира, како и сили за спроведување на одбранбената политика и за гарантирање на заедничката безбедност“.
Членовите на Комисијата за надворешна политика бараат и европскиот одбранбен пазар да биде „фер, достапен и транспарентен“ и повикуваат на зголемени инвестиции во истражувачки проекти поврзани со одбраната „од најмалку 90 милиони евра во текот на следните три години“. За таа цел, според нив, ќе биде потребно да се изработи посебна европска програма за истражување во сферата на одбраната, за која би бил ослободен годишен буџет од 500 милиони евра.
Европратениците сметаат дека е потребно радикално да се промени заедничката европска безбедснона и одбранбена политика, со цел да се афирмира стратешката автономија на ЕУ и да се зајакне нејзината способност за одбрана. 

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска