Соработка меѓу ЕФТА-Скопје и Националниот универзитет за филм и театар од Букурешт

Од:

 Националниот универзитет за филм и театар „Јон Лука Караѓеле“ од Букурешт и Универзитетот за аудиовизуелни уметности – европска, филмска, театарска и танцова академија (ЕФТА) од Скопје ќе соработуваат во областа на аудиовизуелните уметности, за што денеска во романскиот универзитет меморандум потпишаа ректорите на двете институции, Николае Мандеа и Јордан Плевнеш.

Како што соопшти ЕФТА, соработка во аудиовизуелниот сектор (филм, театар, применета музика…) ќе почне уште оваа година. Договорена е и размена на студенти и професори од двата универзитета, како и соработка на филмските фестивали на Југоисточна Европа во Париз и Берлин (SEE a Paris и SEEFF a Berlin).

– Ректорот Мандеа ја лансира идејата за интернационално стручно списание за аудиовизуелните уметности со импакт фактор, кое ќе биде наменето првенствено за едукацијата и креативното остварување на уметниците од Југоисточна Европа. Се очекува наскоро ректорот Мандеа да ја посети Македонија во функција на остварување на зацртаните приоритети во меморандумот, информира Универзитетот ЕФТА.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза