А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерство за култура: Приоритет заштитата на црквата во Курбиново

by А1он24/10/2016 - 18:59180
Share0

Заштитата на црквата „Св Ѓорѓи“ во Курбиново беше и останува врвен приоритет на Министерството за култура, нагласува ресорното Министерство во реакција на денешната прес-конференција на Роберт Алаѓозовски од СДСМ кој обвини дека поради негрижа пропаѓа прочуената фреска со „Ангелот од Курбиново“, кој е симбол на банкнотата од 50 денари.

Добивај вести на вибер

Според Министерството за култура, ако  СДСМ ги вложел макар и 50-те денари што Алаѓозовски ги покажал на прес-конференцијата  во заштитата на  црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново,  денес ќе немало потреба од, како што наведуваат, лицемерна загриженост за работи кои не ги познава и кои немаат никаква врска со она што беше изнесено пред јавноста“.

Стручни екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, наведува ресорното Министерство, започнувајќи од 2013 година, извршиле  конзерваторски истражувања со кои биле опсервирани состојбите на архитектурата, сликарството и покривната конструкција на црквата.

– Беше изработена анализа на актуелните аномалии и на статичката стабилност на градбата и почвата под неа, што беше остварено во соработка со Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Исто така, поставен е и привремен покрив над објектот за да може непречено да се одвива конзервацијата на архитектурата и на живописот во црквата, кој, според своите стилско-ликовни карактеристики, е пример за највисоките дострели во доменот на монументалното сликарство во источнохристијанската уметност. Согласно предвидениот план и  динамиката за заштита и конзервација се очекува  активностите  на црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново да завршат наредната година, соопштува Министерството за култура.

mkd

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Катерина Ѓуровски08/02/2021 - 13:30

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:37

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Катерина Ѓуровски26/01/2021 - 08:18

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

Катерина Ѓуровски22/01/2021 - 13:04

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски02/01/2021 - 14:1102/01/2021 - 14:13

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза

Катерина Ѓуровски31/12/2020 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен