Владите на Србија и Словенија денеска потпишаа неколку договори во областа на транспортот, културата и интелектуалната сопственост.
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави на прес-конференција во Белград дека односите меѓу двете земји се подобри, меѓу нив нема отворени прашања, со исклучок на уште некои сегменти од наследството од поранешна Југославија.
– Двете влади се обидоа да разговараат по сите сфери на општествениот живот, а клучот беше во политичките и економските прашања, истакна Вучиќ.
Според него, вредноста на трговската размена меѓу двете држави минатата година изнесувала 870 милиони евра, а оваа година се очекува да ја надмине и првата милијарда евра.