СДСМ на средби со дијаспората во Германија, формира организација во Бремен

Од:

Претставници на СДСМ во Дортмунд и Бремен имаa работни средби со државјани на Македонија кои живеат и работат во Германија. На средбата членот на Извршниот Одбор на СДСМ, Аднан Џафероски, ги запозна присутните со актуелната политичка состојба во Македонија, како и за Планот за Македонија кој СДСМ го донесе на тематскиот конгрес, стои во соопштението на СДСМ.

„Присутните граѓани од Македонија, и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби и Бошњаци и Роми, ги истакнаа нивните проблеми и прашања со кои се соочуваат поврзани со односите со својата татковина, Република Македонија.

Посебно беше нагласена важноста на дијаспората во наредниот период, во заложбите за спас на нашата земја.

За таа цел формиран е Иницијативен Одбор на СДСМ во Бремен, Германија.

Пораките од нашите иселеници во дијаспората се – „подготвени сме да и помогнеме на нашата заедничка татковина“, „доста е поделби, сакаме општество на еднакви”, „сакаме држава со која ќе се гордееме”.

Беа разменети и идеи и размислувања со дијаспората околу нивната важна улога во обнова на државата и општеството после изборите на 11 декември, при што од страна на членот на ИО беа истакнтати неколку важни чекори и мерки кои новата влада на СДСМ ќе ги превземе веднаш по победата на 11 декември, а се поврзани со дијаспората“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло

(ВИДЕО) Цветаноска: Ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии

А1он

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он