Ирак бара повластени услови при замрзнувањето на производството на нафта поради војната со ИД

Од:

Ирак треба да биде ослободен од ограничувања при екстракција на нафта, бидејќи земјата е во состојба на војна со терористичката група Исламска држава, изјави министерот за нафта Џабар ал Лаиби, пренесува ТАСС.

Според министерот, од таа причина неговата земја треба да има право на исклучок, како оние за кои се расправа за Нигерија и Либија.

На крајот на септември, на вонредниот состанок на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за време на енергетска конференција во Алжир, земјите од картелот се договорија за намалување на производството со цел да се стабилизира пазарот. Конкретно решение треба да биде донесено на самитот на ОПЕК во ноември.

Би можело да ве интересира

Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за земјите што купуваат нафта и гас од Венецуела

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол