Свечена литургија по повод 10 години од хиротинисувањето на еписокот на Брегалничката епархија

Од:

Високиот степен на продуховеност и единство е главниот столб на кој опстојува Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), изјави денеска во Штип поглаварот на МПЦ-ОА Господин, господин Стефан.

Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски Господин, господин Стефан денеска во Штип, по повод одбележувањето на десетгодишнината од хиротонисувањето  на г. Иларион за Епископ на Брегалничката епархија, рече дека тоа е силата на македонската Црква, а експанзијата од изградба на нови храмови, но и обнова на постојните божји домови, пред се манастирите е главно обележје за овие десет години.

–  Погледнете го Лесоновскиот манастир, му се врати вистинскиот духовен сјај, како најголем центар на православието во овој дел од Македонија. Се возобновија мноштво цркви, се реконструираа стари конаци во останатите манастири. Монашкото браство доживува процут и постојано се зголемува, но најважно од се е што народот доби во возобновените храмови вистинско тивко пристаниште, место за покајание и средба со господ Исус Христос преку нивните молитви, изјави г.г Стефан

Епископот на Брегалничката епархија г. Иларион вели дека се би би било попусто и темелот не би бил толку цврст за опстојување на МПЦ, доколку тежината и силината на вербата кај народот не е животворна сила на Црквата.

– Епископската мисија е постојана жртва, постојано принесување жртва за својот омилен народ, изјави епископот на Брегалничката епархија г. Иларион.

На свечената литургија во соборниот храм Свети Никола во Штип, а по повод еднодецениското епископување на владиката Иларион со Брегалничката епархија, чиноначалствуваше неговото блаженство г.г. Стефан во сослужение со владиците од светиот архиерејски синод на МПЦ. Освен верниците на литругијата беа и сите градоначалници од источниот дел на Македонија и претседателката на Комисијата за однос со верските заедници Валентина Божиновска.

– Секогаш монах во срцето со добродетелски и градителски манири, со неверојатна мудрост и чудесна скромност, владиката Иларион го држи националното чувство на Република Македонија, вели Божиновска.

Владиката Иларион е хиротонисан во 2006 година, кога дојде на местото на г. Агатангел, кој сега раководи со Повардарската епархија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза