Изградба на нов НВО центар е приоритетниот проект кој што го избраа граѓаните на општина Струмица

Од:

Проектот за изградба на нов НВО центар – создавање механизми за институционална соработка помеѓу општина Струмица и граѓанскиот сектор доби 80 гласови и тој е приоритетниот проект кој што општина Струмица ќе го имплементира во 2016-2017 година, така одлучија граѓаните на Граѓанскиот проектен форум кој што синоќа се одржа во големата сала на домот на АРМ. Неговата изградба ќе се финансира со 2.200.000 денари обезбедени од општина Струмица и Фондацијата Отворено општество Македонија. Овој проект доби најголем број гласови од осумтте предложени, а планирани проекти во акциските планови за образование, социјална заштита, млади и соработка со граѓански организации.

За градоначалникот Зоран Заев, ваквиот традиционален начин на носење важни одлуки заедно со граѓаните, се потврди како одлична практика во развојот на Општина Струмица и во континуитет ја потврдува нејзината транспарентност и отчетност по што е на врвот меѓу општините во Република Македонија.

-Ова е традиционална можност веќе 11,5 години како преку форумски процеси со директно партиципирање на граѓаните, се носат одлуки за капиталните инвестиции и она што е најважно за идниот развој на општина Струмица. Ова е еден форумски процес на кој општина Струмица по пат на гласање, директно од претставниците на сите заедници, одлучува кој од осум предложени проекти важни од сите сфери на општественото живеење, ќе биде приоритетен проект кој што ќе биде финансиран со 2.200.000 денари, 1.100.000 денари обезбедени од општина Струмица, а останатите од Фондацијата Отворено општество Македонија. Се работи за важни проекти кои што се многу актуелни во општина Струмица, опфаќаат и млади, образование, социјална заштита и невладини организации и граѓански здруженија, но граѓаните по пат на гласање го избираат приоритетниот проект кој што ќе биде финансиран со 2.200.000 денари, рече градоначалникот Заев.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ