Екипите на Фенербахче и на Црвена Звезда синоќа остварија минимални победи на гостински терен во рамките на второто коло од Евролигата. Фенербахче ја победи Барселона, додека Црвена Звезда беше поуспешна од Галатасарај. Македонскиот интернационалец во дресот на Фенербахче, Перо Антиќ реализираше 6 поени.
Резултати од 2.коло: Барселона – Фенербахче 72:73, Галатасарај – Црвена Звезда 83:85, Жалгирис – Басконија Виторија 78:73, ЦСКА Москва – Панатинаикос 81:77, Дарушафака – Армани Милано 80:81, Макаби – Реал Мадрид 82:89, Бамберг – Уникс Казан 89:86 и Олимпијакос – Анадолу Ефес 90:66.
По две победи по двете кола имаат екипите на: Реал Мадрид, ЦСКА Москва, Армани Милано и Фенербахче.